Александар Емилијаненко (27-7) во Екатеринбург го нокаутира Габриел Гонзага (17-12).
Во главната борба настанот Рашн кејџфајтинг чемпиошип 2 братот на Федор славеше со нокаут во втората рунда.
Емилијаненко ја отвори борбата поагресивно и го погоди со лево кроше. Гонзага му враќа со преден директ и го урива Русинот. „Напао“ од полугард преминува во маунт, но Емилијаненко се враќа во полугард. Бразилецот до крајот на рундата ја држи позицијата и удира во телото.
Александар втората рунда ја отвора со среија на крошеа, но по 30 секунди Гонзага повторно го влече во партер и удира со лактите од полугард. По две и пол минути судијата ги враќа на нозе, а Емилијаненко е многу подобро боксира. Го тера Гонзага, кој во тие моменти стана како боксерска вреќа, на повлекување, а го завршува со удар со коленото во главата до жицата.
На 36-годишниот Русин ова му е четврта по ред победа по напуштањето на затворот и враќање на борилиштето. Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ загуби пет од последните шест натпревари.
На Напау ова му е првата борба од април 2016 година кога на УФЦ во Загреб загуби од Дерик Луис.
Иван Штирков (13-0-1) остана непоразен благодарение на домашниот терен.
Геронимо дош Сантос (40-20-1) очигледно судиите го украдоа во Русија прогласувајќи го мечот за нерешен.
Повисокиот и 13 килограми потежок Бразиелц имаа повеќе успех боксерските промени на почетокот на борбата. Штирков неуспешно се обидуваше со широки крошеа, а по 70 секунди го урива 37-годишниот Дош Сантос. Мондрагон наскоро се подига, но пак завршува на подот, а Русинот доаѓа во маунт. Дош Сантос претвртува позицијата, но завршува во гилотина. Во средината на рундата Штирков со лакт од вртење сериозно го стресе противникот, а пред крајот Бразилецот го соборува 29-годишниот Русин, но Штирков одлично со извлекува со превртување на напред.
Штирков втората рунда ја отвора со добар заден кружен удар од вртење во телото, а до крајот на рундата, претежно се борат со контрола на Бразилецот. Русинот овој дел на борбата го завршува видливо поуморен.
Дош Сантос ја отвора третата со силно лево кроше во кој Русинот налета. Потоа погодува и со десно, одлично ги запира обидите за уривање и се заканува со гилотина.
Одлуката на судиите со ништо не може да се оправда, бидејќи не е јасно која рунда, со исклучок на првата, уште можеле да му ја дадат на Штирков.
Борбите Штирков-Мондрагон и Емилијаненко – Гонзага се последните две во преносот.
https://youtu.be/6dfmMV5quDo
https://youtu.be/ivszA6V5csc
https://youtu.be/3pinI6R8ViA
.