Во шокантната главна борба Евроазија фјат најт 50, Федор Емилијаненко (01.04.36 NC) во Санкт Петербург со мнозинска одлука на судиите го победи Фабио Малдонадо (22-10).
И додека се очекуваше дека Русинот лесно ќе го заврши Бразилецот, Малдонадо на неколку пати во првата рунда беше близу да го заврши Емилијаненко.
Во првиот меч во Русија по четири години и втората од враќањето, Федор Емилијаненко (04.01.36 NC) во Санкт Петербург со мнозинска одлука на судиите го победи Фабио Малдонадо (22-10).
На приредабата Евроазија фајт најт 50, 39-годишниот „Последниот император“ го започна мечот како што многумина очекуваат дека ќе го заврши – со серија на удари на кои се навикна Бразилецот. Но, при кратењето на дистанцата Федор го прима прво десното, а потоа и левото кроше кое го урива и потоа Малдонадо почнува брутален граунд енд паунд и мечот неколку пати беше на границата на прекин. Федор успеа да избега од работ на поразот, но се влечкаше и едвај можеше да стои на нозе. И на нозе, прима серија на удари при промената на нозете и шокантниот крајот на првата рунда беше многу извесен, но Русинот успеа да го избегне поразот.
Во втората рунда Малдонадо многу успори и дозволи и на понатаму здрамниот Федор колку – толку да се врати во борбата. Погодуваше со боксерски комбинации и колената, но без сериозни оштетувања.
Во третата Федор го притиска Малдонадо до жицата неколку пати и фрла комбинации кои повремено го погодуваат Бразилецот. Малдонадо само во неколку наврти тргна во офанзива и речиси секој пат сериозно се закануваше.
За жал, оваа борба покажа дека ММА легендата веќе не може да се бори на највисоко ниво.
На крајот, еден судија мечот го прогласи за нерешен 28-28, додека другите двајца му дадоа победа од 29-28 на Емилијаненко
Виталиј Минаков со армбар го порази Питер Греам, а Кирил Сиделников со судиска одлука Рубен Волф.
https://youtu.be/wBUFv6GqnS4
https://youtu.be/d3P4wxKhSrQ
https://youtu.be/H2tn7B9Y0uQ
EFN 50:
Fedor Emelianenko – Fabio Maldonado (mnozisnka odluka na sudiite)
Vitaly Minakov – Peter Graham (submission, armbar, R1)
Kirill Sidelnikov – Ruben Wolf (ednoglasna sudiska odluka)
Akhmet Aliev – Matej Truhan (ednoglasna sudiska odluka)
Anatoly Tokov – Vladimir Filipović (ednoglasna sudiska odluka)
Sergey Pavlovich – Chaban Ka (TKO, R1)
Vadim Nemkov – Mikolaj Rożanski (TKO, R1)
Rasul Mirzaev – Dioginis Souza (TKO, R1)
Valentin Moldavsky – Daniel Dorrer (submission, giljotina, R1)
Georgiy Kichigin – Vladimir Tyurin (submission, armbar, R1)
Abusupyan Alikhanov – Artem Shokalo (ednoglasna sudiska odluka)
Jack McGann – Abdulla Dadaev v(TKO, R1)
Aleksandr Dankov – Dmitry Maryuhin (TKO, R1)
Vasiliy Zubkov – Sergey Tovkan (submission, triangle choke, R1)
Marina Mokhnatkina – Ekaterina Torbeeva (submission, armbar, R1)