Федор не се бори од 2012 и нема намера да се врати на професионалните борби.
Емилијаненко во моментов престојува во Њујорк, каде што работи на промоцијата на Белатор 134 и е окупиран од страна на новинарите на американските портали за боречки вештини. Шансата за интервју со Русинот ја доби новинарот на MMAJunkia, кој со „Последниот цар“ разговараше за неколку „жешки“ теми во ММА.
Федорго даде своето мислење за тешката категорија денес:
„Тешка категорија, според мое мислење, отсекогаш била интересена“, рече Федор преку неговиот преведувач. „И тогаш, кога активно се натпреварував, како и сега, Каин Веласкез е еден од борците што ми се допаѓаат и што сакам да го гледам. Што е покомплетен борецот, без оглед на која категорија припаѓа, тоа е подобар борец“.
Емилијаненко (34-4) ја има изградено својата репутација на легендарната јапонска промоција Прајд и верува дека спортот не може да напредува со борци кои користат стероиди.
„Срамно е борците да уживаат во дрогата и користат стероиди“, објасни рускиот јазик. „ММА треба со сите сили да се бори против тие работи. Тоа негативно се одразува не само на воините, туку и на навивачите и на самиот спорт. Всушност, во секој спорт е неприфатлива употребата на стероиди“.
„Дефинитивно има простор за подобрување. Верувам дека лидерите на промоција уште подобро ќе се позанимаваат со тој проблем и ќе ги казнат оние за кои ќе се докаже дека користеле средства за подобрување на нивните перформанси. Очигледно, не е направено доволно и може уште повеќе да се работи на овој проблем. Како спортист или борец, со влегувањето во арената даваш „ветување“ кое го прекршуваш со подобрувањете на својата изведба со стероиди“.
Федор го залечи неговото тело во овие неколку години откако се пензионира. Сепак, иако е опоравен, последниот император нема да и се врати борбите.
„Уживам во животот без борби“, откри Емилианенко. „Уживам во пензија. Му давам шанса на моето тело да се регенерира и излечи. Се заложувам за ММА во Русија и во целиот свет. За сега немам намера да им се вратам на натпреварите“.