Ќе потпише со УФЦ, не, ќе потпише со ВСОФ или со Белатор? Сите фанови на боречките спортови се со притаен здив во очекување на враќањето на ММА легендата во рингот, Федор Емилијаненко. Но, до овој момент нема јасни индикации во која организација ќе биде тоа или евентуалниот ривал на „Последниот иператор“.
Се зборува дека најупорна да го доведе во своите редови Русинот е најмоќната ММА организација – УФЦ, а евентуален противник можеби ќе биде шампионот на тешкашите – Фабрицио Вердум.
Но, Федор е во многу добри односи со извршниот директор на Белатор, Скот Кокер, што се смета за дополнителен фактор за приклонување кон оваа организација.
Русинот неколку пати се појави на ТВ Спајк, за да ги рекламира настаните на пријателот Кокер. А само пред еден ден се експонираше по повод ММА настанот Белатор- Дајнамајт, а бидејќи продолжија шпекулациите, се сметаше дека Федор е веќе дел од Белатор.
За жал, претседателот на организацијата брзо ги олади страстите, кој кратко рече:
„Со Федор не сме воделе и неговиот тим не сме воделе никакви преговори, а тој на настаните е присутен по сопствена желба“.