Емилијаненко му го скрши носот на Монсон и го победи со одлука (ВИДЕО)

Искусните ММА ветерани Џеф Монсон и Александар Емелијаненко го одржаа ревеншот по 10 години. Тие ја предводеа гала вечерта на организацијата Хардкор ФЦ која се одржа во Москва.

Нивната битка беше тешка и со голи раце. Многумина очекуваа да видат нокаут на овој меч, но тоа не се случи. Емелијаненко и Монсон ги издржаа 3-те рунди од по 2 минути и стигнаа до судиска одлука.

Во првата рунда Александар добро тргна и му го скрши носот на противникот. Емелијаненко успеа да го собори Монсон. Во вториот круг Џеф изгледаше добро и успеа да зададе две бомби во главата на Александар.

Емелијаненко покажа издржливост и остана на нозе. На крајот од рундата двајцата влегоа во клинч, при што Монсон плаисра низа крошеа во телото на Русинот. Во третата рунда Емелијаненко стоеше на дистанца и задаваше удари.

Монсон не покажа многу во оваа рунда и само ги амортизираше ударите на Емелијаненко. Александар му нанесе повреди и го раскрвави лицето на противникот. Така, нивната битка стигна до одлука која со едногласна одлука му припадна на Александар.

По борбата, Монсон му се заблагодари на Емелијаненко и призна дека е послаб боксер од него. Во нивната прва борба според правилата на ММА во 2012 година во Русија, Џеф победи со завршница во втората рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON