По извлекувањето на групите на карате турнирот на Европските игри во Минск Белорусија, нашиот најдобар каратист Емил Павлов е во А групата Фирдовси Фарзалијев (Азербејџан), Анџело Крешенчо (Италија) и Илија Булатау (Белорусија), а борбите се на 30 јуни, Павлов со првична изјава за конкуренцијата за Ipon.mk
„Па, можам да кажам дека сум задоволен од групата, иако и дветте групи се подеднакво квалитетни. Можам да кажам дека ми одговараат како противници“, вели Емил Павлов и додава:
„Последниот период се подготвував добро за овие противници. Се надевам дека ќе ми успее тактиката и ќе успеам да извлечам позитивен резултат“!
Во Б групата се Евгени Плахутин (Украина), Калвис Калинс (Литванија), Богдан Гоголоси (Романија) и Ерај Садман (Турција).
На нашиот каратист му се потребни најмалку две победи, за да обезбеди бронзен медал, а потоа да се избори и за финале на Европските игри.
Павлов на минатите игри во Баку – Азербејџан во 2015 година го освои бронзениот медал. Тогаш Македонија освои две бронзи, а втората беше, исто така за каратист, тоа беше Марин Несторовски.
Павлов е освојувач и на четири медали од Европските првенства – 2 златни и 2 бронзени.
Ipon.mk