Емил Павлов изминатиов викенд настапи на тест наптревар во Париз, Франција, во олимписката категорија до 67 килограми, притоа извојува две победи и еден пораз.
Тој ги победи Шпанците Матијас Гомез и Раул Куервас, додека Австриецот Стефан Покорни беше подобар од него.
„Задоволен сум од овој турнир во Париз, имав три борби од кои две завршија со победи над натпреварувачите од Шпанија и пораз од австриски каратист. Ова беше добар тест да се пробам во оваа категорија, работев и претпазливо да не се откривам, но и да ги научам противниците. Од друга страна, се пазев и од несакани повреди, се со цел на главниот турнир да бидам максимално подготвен“, изјави Павлов и додаде дека и овој турнир е подготовка за тоа што го очекува во наредниот период.
Павлов во Париз отпатува по покана на француска федерација во категоријата -67 кг. Во оваа категорија имаше 14 натпреврувачи кои се натореваруваа по правилата како на Олимпијадата во Токио.
Во мај е квалификацискиот турнир во Париз за пласман на Олимписките игри во Токио.
Овде може да ги погледнете борбите на Павлов.