Вчера беа соопштени носителите на највисоките општински признанија на Штип. Тоа се Марија Кукубајска, професор, Лидија Коцева, раководител во ЈП Исар и Емил Павлов, најдобриот македонски каратист.
Емил Павлов е носител на европското „злато“, освои бронзен медал на Европските игри во Баку-Азербејџан и многу други признанија. Тој, заедно со борачот Зоран Шоров, е носител на спортска пензија на АМС. Емил Павлов, член на КК Штип, не само што е извонреден каратист, со својот однос кон спортот, и не само спортот, е позитивен пример кај младите спортисти.
Патот што го трасираше Емил Павлов кон ѕвездите, со своите тренери Сашко и Жарко Арсовски , треба да го следат и другите спортисти. Докажа дека само преку работа, коректно однесување и чесност се стигнува до великан во спортот!
Честитки за признанието на Емил Павлов. Му посакуваме уште многу успеси и во иднина- да продолжи да го афирмира Штип и Македонија на сите спортски приредби.
ipon.mk/К.М.