Македонскиот карате репрезентативец Емил Павлов е во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Москва, откако совлада имиња како Даглас Бросе Калвис Калинис и Анџело Крешченцо.
Бросе и Крешченцо се светски прваци.
Во финалето Павлов ќе се сретне со Турчинот Ерај Самдан, а борбата е закажана за во недела.
Ова е успех за македонското карате бидјеќи на неколку лиги нашите претставници стигнуваа најмногу до второто коло, со еден два исклучоци до трето.
Денеска настапија и Ненад Кеелбиќ и Пуликсенија Јованоска.
Резултати
60 кг
Емил Павлов – Ласло Андраш (Унгарија) 4-1
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 6-0
Емил Павлов – Калвис Калинис (Латвија) 5-3
Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 2-0
Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 1-0
Финале
Емил Павлов – Ерај Садман (Турција)
-67 кг
Ненад Келебиќ – Сами Енхалили (Шпанија) 0-0
Кати
Пуликсенија Јованоска 22,12 (15,40 + 6,72) 6-та во прв круг
Ферри Исиќ 21,54 (15,12 + 6,42) 6-ти во прв круг