Емил Павлов ќе се бори бронзениот медал на Европското првенство во карате за сениори во Гладалахара – Шпанија, откако во полуфиналето загуби од Русинот Евгени Плахутин со 0-2.
Емил за бронзата ќе се бори со Романецот Флорин Гоголоси.
Анџело Крешченцо (Италија) го совлада Ерај Самдан (Турција) 2-1 во второто полуфинале.
Покрај Павлов и Пуликсенија Јованоска ќе излезе на мегдан за бронзата во кати.
Утре ќе настапат машкиот и женскиот тим во борби. Борбите за бронзените медали се во сабота од 9:30 до 11:30 часот, кои ќе се пренесуваат во живо на karateworld.tv каде што ќе настапат Павлов и Јованоска.
Резултати
-60 кг
Емил Павлов – Рене Адлер (Словачка) 0-1
Емил Павлов – Марко Антиќ (Србија) 1-0
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 4-2
Емил Павлов – Евгени Плахутин (Русија) 0-2
За бронза
Емил Павлов – Флорин Гоголоси (Романија)
Ipon.mk