Емил Павлов (-60 кг) се запиша во историјата на македонското карате со освојувањето на златниот медал на Европското сениорско карате првенство во Нови Сад, Србија.
Павлов во финалето славеше против Италијанаецот Анџело Кершченцо 3-1.
Ова е втор златен медал на европските првенства за Павлов, а вкупно трет, бидејќи има освоено и еден бронзен, со што тој е најуспешниот македонски каратист на континенталните шампионати. Тој го запиша неговото име во историјата на македонското и европското карате.
Резултати
-60 кг – 33 натпреварувачи
Емил Павлов – Доминик Имрич (Словачка) 1-1
Емил Павлов – Јасин ел Атар (Холандија) 6-2
Емил Павлов – Ненад Дуловиќ (Црна Гора) 3-2
Полуфинале
Емил Павлов – Калвинс Калинс (Латвија) 5-2
Финале
Емил Павлов – Анџело Кершченцо (Италија) 3-1
Ipon.mk