Репрезентативецот Елмедин Сејфулау загуби од Французинот Арман Елојан со 1-7 во осминафиналето на Европското првенство за јуниори во Рим – Италија.
Првата рунда Сејфулау се држеше, а во втората изедначи на 1-1 и тоа беше се од него. Потоа Французинот ја зголемуваше разликата во една досадна борба (3-1, 5-1), за на крајот на акција на Елмедин противникот да ја искористи надмоќта и да триумфира со 7-1.
Констатацијата е дека сите тројца репрезентативци Минир и Риад Реџепи и Елмедин Сејфулау борбите ги завршија во првиот настап, со тоа што најсикусниот (Елмедин) издржа цела борба, а најмногу покажа Минир и штета е што ја загуби борбата. Ова значи дека мора уште повеќе да се работи ако сакаме резултати, вака ќе бидеме добри само за загревање на другите борачи.
Ipon.mk