Елмедин Сејфулаху со второто место на „Русенски легенди“ ветува добар резултат на ЕП! (ВИДЕО)

Elmedin sejfulau rusenski legendi

Елемдин Сејфуллаху (-54 кг) го освои второ место на Меѓународниот турнир „Русенски легенди“ во Русе-Бугарија. Тој во финалето загуби од најдобриот бугарски борач, Мустафа Мустафов, со мала судиска помош, зашто борбата завршила со резултат 8-6. Пред два месеци на турнирот во Стара Загора, истиот противник го победи со 5-0, другите борби до финалето ги доби со 10-0, однонсо технички туш.

Сепак, ова е охрабрувачи резултат пред Европското првенство и укажува дека неговата форма е во нагорна форма, што значи дека со добар жреб може да се надева на поволен резултат.

Инаку репрезентативците беа на подготовки од 6 до 17 јули во Русе, а на 18 и19 настапија  турнирот „Русенски легенди“, каде што учествувале окулу 150 борачи од седум земји: Македонија, Бугарија, Молдавија, Романија, Германија, Турција и Грција.

sedat baftija rusenski legendi

„Како селектор на репрезентација сум задоволен и од подготовките и од  настапот турнирот. Овие борби беа тест пред Европското првенство за кадети во Суботица, Србија, во август. Се надевам дека ќе освоиме барем еден медал на Европското првенство“, вели селекторот Седат Бафтија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON