Светскиот шампион Ентони Џошуа во 21 борба забележа 21 победа, а 20 ги заврши со нокаут, со што постигнува рекорди. По победата минатата година над Карлос Такам во Кардиф со нокаут во десеттата рунда, го надмине рекордот на легендарниот Мајк Тајсон, со 20 нокаути во 20 професионални борби со што го помина Железниот Мајк кога се во прашање нокаутирањата на противниците. Мајк дојде до бројката 19, а пак Ентони веќе е над тоа и сега цели кон достигнувањето на Френк Бруно (21).
Со победата против Џозеф Паркер, сепак не успеа да стигне до 21 нокаут и да се изедначи со легендарниот Бруно. Но, сепак пред Џошуа се годините, ако се знае дека ќе боксира најмалку уште наредните пет години.
Сепак, тајната за неговите успеси беше откриена, а се состои во внесување храна со јаглехидрати протеини и масти со износ од колу 5 илјади калории. Ова го откри експертот за исхрана на спортистите, Марк Елисон, кој воедно е и личен нутриционист на Џошуа, истакна дека хранливите продукти се најважни за опоравок на спортистите после тренинг, но и за издрлжливост, а комбинацијата на оброци секогаш мора да биде прецизно комбинирана.
„Ако се знае дека за обичниот човек внесот на калории изнесува околу 2200 до 2600 калории, тоа излегува скоро дупло внес на калории. Според килажата на Џошуа за неговите 113 килограми тој денот го почнува со пет јајца, две парчиња р’жен леб, два високомлечни јогурти и овошна салата, додека ручекот е резервиран за риба лосос или пак туна, компири и салата. Најинтересна е вечерата во која британскиот боксер јаде едно цело пиле, ориз или варен зелечук, а за десерт авокадо. Ова се комбинации кои се одлично комбинирани, ако се знае дека времето за тренинг и опоравок се доста сензитивни и секогаш мора да се внимава“, изјави Елисон.