ЕКСКЛУЗИВНО – Сонот стана јаве: КАРАТЕТО е олимписки спорт!

karate logo za 2020 kako OI sport

Меѓународниот олимпикси комитет (IOK/MOK) на 129-тата сесија во Рио де Жанеиро, со која преседаваше претседателот Томас Бах, пред неколку минути донесе историска одлука – ставајќи го карате спортот на програмата на Олимписките игри во Токио 2020.

karate na oi 2020 vo tokio tiumf

Со ова се оствари сонот на милиони каратисти во целиот свет да станат дел од олимпиското семејство.

Само да потсетиме дека ова се однесува на каратето под надлежност на Светската карате федерација (ВКФ/WKF).

Франко Караро од Програмската комисија и Џон Коутс од Комисијата за координација ги образлижија фактите за и против петте спорта за вклучување на програмата на ОИ 2020 во Токио.

Во делот на дискусите господинот Чонг беше дециден дека безболот и каратето треба да бида на програмата во Токио 2020, додека принцот од Монако, Алберт 2, беше со различно размислување.

 Дискусиите се сведоа на безбол, карате и софтбол.

Karate tokio 2020

Но, на крајот сите пет спорта беа прифатени како олимписки спортови.

Претседателот на МОК, Томас Бах, рече: „Ние сакаме да ги прифатеме спортовите на младите. Со многу опции што младите луѓе ги имаат, не можеме да очекуваме повеќе дека тие ќе дојдат сами по себе за нас. Ние мора да одиме кон нив. Предлогот за токио 2020 беше избалансиран и ги исполнува сите цели на препораките на олимписката агенда 2020, а тоа е дозволено. Земено заедно, петте спортови се иновативна комбинација на воспоставените и новите, младите се фокусираат на настани кои се популарни во Јапонија и ќе придонесат за наследството на Игрите во Токио игри“.

129 sesija na IOK za karateto

Претседателот на организациониот комитет на Токио 2020 Јоширо Мори рече: „Вклучувањето во пакет на нови спортови ќе и даде можност на младите спортисти во својот живот да ги остварат соништата да се натпреваруваат на Олимписките игри – најголемиот спортски настан во светот – и да ги инспирира да ги постигнат своите најдобри резултати, и во спортот и во животот“.

Морам да ја истакнам вчерашната средба со шихан Масао Кагава кој рече 99 проценти каратето е на Олимпијдата во Токио 2020. А пред една година во ексклузивно интревју за Ipon.mk, Кагава, кој е вклучен во Организациониот комитет на ОИ 2020 во Токио и е претседател на Техничката комисија на ВКФ, имаше светска промоција на каратето како сигурен спорт на Олимпијдата во неговата земја Јапонија.

А само на пет дена пред конечната одлука Кагава, кој оваа одлука ја дочека во Македонија, пак, во интервју за Ipon.mk рече.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON