ЕКСКЛУЗИВНО: Скопје домаќин на Светското првенство во борење за ветерани во 2018-та

Само пред неколку минути во Париз Обединетото светско борење (ОБС/UWW) донесе одлука Скопје од 2 до 7 октомври 2018 година, ќе биде домаќин на едно од најзначајните натпреварувања во светското борење, Светското првенство во борење за ветерани.

„Ова е само една голема потврда, за одличната организациска работа на раководството на ФБСМ, почнувајќи од првиот месец на оваа година, знаејќи многу добро во каква ситуација почнавме (блокирани од сите страни) и до каде дојдовме по само осум месеци работа“, изјави од Париз претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и додаде:
„Како претседател на ФБСМ, заедно потпредседателот Дејан Богданов, сакаме да изразиме голема благодарност до сите соработници, како и до сите клубови од нашата држава, но и до сите државни институции, кои ни дадоа безрезервна подршка во текот на нашата кандидатура“.

Вренези вели дека Светското првенство за ветерани ќе биде генерална проба за нашата Федерација за организација на уште една голема манифестација во следниот период, т.е. Светското првенство за кадети во 2019 година.

Вренези изразува надеж дека борењето во нашата држава ќе се врати на старите патеки, почнувајќи со организацијата на ова СП за ветерани.

„Ги поканувам сите легенди на македонското борење од минатото, да ни се приклучат, се со цел што подобра организација на ова Светско првенство“, истакна Бетим Вренези.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON