ЕКСКЛУЗИВНО: Мирко Филиповиќ се пензионира-конечна одлука!

Mirko so Nasmevka

Еден од најголемите спортисти во историјата на Хрватска и едно од најголемите имиња на боречки вештини, воопшто во светот, минатата ноќ Мирко Филиповиќ алијас Кро Кап на официјална фејсбук страница го објави конечното пензионирање.

Причината е повредата на рамото, која е откриена пред само неколку дена, во ексклузивното интервју за Фајтсајт. Иако тој рече дека е во можност да се санираат непријатни повреди и ќе настапи во Сеул против Ентони Хамилтон, се чини дека проблемот се врати. Само две и пол недели пред закажаниот влез во октагонот, Филиповиќ пресече и одлучи да го каже конечното збогум.

Еве го соопштението од официјалната страница на Фејсбук.

„Драги пријатели, за жал, морам да се откажам од натпреварот во Сеул. Уште на почетокот на подготовките го повредиво рамото, не можам да ја подигнам раката. Се обидов да ја санбирам и да ја рехабилитирам повредата на рамото на секој можен начин, со секојдневни терапии и инјекции на крвна плазма, како и разни коктели на лекови, но не оди. Единствениот лек ќе биде пауза од 2 до 3 недели, а тоа не можев да си го дозволам во средината на подготовките. Со рутинските тренинзи повредата само се влоши. Дел мускули испукаа, рамото е полно со течности, голема опасност е да пукне тетивата, а потоа пак на операција.

Мене не ми треба, особено не на моја возраст. Целото лето го поминав во патување за Минхен за терапија кај познат лекар за хронично воспаление на тетивите на фатната коска, која ме излудува. Кога одам во Винковци морам два пати да застанам по пат поради болка во тие тетиви кои ужасно ме болат во седечка положба. Десното колено, кое четири пати е оперирано, исто така ме боли. А сега уште рамото, грбот и не го спомнувам. Кога и да одат на магнет, без разлика поради што и што снимам, наодот започнува со „дегенеративни промени“, но тоа е цената што мора да се плати. Секако, луѓето ја гледаат само едната страна на медалот, материјални работи, а за маките, болките, солзите и крвта никој не прашува или не се грижи. Но, така е во животот.

Сега е два часот наутро, а јас не можам да спијам, ги прибирам мислите и ја вртам мојата кариера пред очи. Свесен сум дека дојдов до крајот на мојата боречка кариера. Но, тренирање со болки не сакам повеќе. Моето тело е истрошено од безброј тренинзи, собрав 9 операции, телото стана склоно кон повреди, по секоја тренинг ставам лед на оперираното колено, бидејќи се полни со течности, два пати неделно. Следната борба ќе беше мојата 80-та професионална, а тоа е многу. Особено во таа конкуренција. К-1, Прајд, ИГФ, УФЦ.

Најголем проблем ќе ми биде адаптацијата на „цивилниот“ живот. Без два тренинга дневно и вечните патувања низ светот, што нема да ми падне толку тешко. Ќе тренирам додека сум жив, бидејќи тоа е мојот живот, но не со таква брзина и некако тоа ме радува. Ова не е моменталана одлука, затоа што сум несреќен поради сето тоа, но

е мојата конечна одлука. И тоа е најдобро за мене. Порано или подоцна ќе дојде време кога човек мора да мисли и своето здравје. Имав навистина долга и богата кариера, а верувам дека оставив длабок печат во боречките вештини, во слободната борба и во К-1, немам за што да жалам. Голема благодарност на сите кои ме следеа и ме поддржуваа, а на мене ми остануваат убави сеќавања и спомени. Здраво“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON