ЕКСКЛУЗИВНО-Масао Кагава: 99 проценти каратето е на Олимписките игри во Токио 2020!

Kagava porttret

Сенсеи Масао Кагава е посебно значјна личност во светското карате од повеќе причини. Прво како натпреварувач постигнал големи резултати, а како вежбач, учител и селектор придонел карате спортот да направи добра конекција меѓу традиционалното и спортското. Кагава е прв човек на Техничката комисија на Светската карате федерација (ВКФ), потоа претседател на Јапонската карате федерација и селектор на јапонската репрезентација и главен учител на Јапонската карате шото федерација (ЈКС). Како претседател на Техничката комисија на ВКФ и член на комитетот „Каратетото на Олимписките игри 2020 во Токио“, моментално е најповиканата личност да одговори на прашањата поврзани со каратето, однонсо дали ќе биде или не олимписки спорт, како и други работи поврзани со овој спорт.

Тој во Македонија престојуваше по покана на Македонската карате шото организација и нјезиниот прв човек, Живко Дркуловски, при што одржа и два семинари. Едниот беше посветен на катите, а другиот на борбите.

Kagava vo mokuco

Првите негови зборови на закажаното интервју за ипресиите од Охрид беа: „Да, го сакам! Но, не само што го сакам, туку многу ми се допаѓа Охрид“!

Што посебно ве импресионираше?

-Зошто светот не знае за ова место?! За „Свети Наум“!

Дали господинот Кагава знае дека и хотелот „Орце Николов“ е свето место за каратето во рамките на поранешна Југославија, бидејќи господинот Таиџи Казе држеше семинари со стотици каратисти од самото битисување на оваа вештина во Македонија и поранешната држава?

-Ќе се обидам да ја продолжам традицијата со голема почест на господинот Живко Дракуловски, која се ангажираше, како прв човек на ЈКС/JKS, да ме донесе во малата и убава Македонија. Јас сум воодушевен од сето она што го видов. Немав поим каде доаѓам. Сега, кога сум тука, едноставно, немам зборови.

Site ucesnici na seminarot

Колку сте задоволни од техниката и подготвеноста на македонските каратисти?

-Во просек, македонските каратисти се добри и се на границата кон многу добри. Јас сум задоволен од нивото на македонските каратисти, иако, во овој момент, во Јапонија се работат нови техники, кои треба да бидат прифатени наскоро од Светската карате организација (ВКФ).

Како еден од значајните луѓе во Јапонската карате федерација, во ВКФ, Вие сте вклучени и во комитетот „Каратето на ОИ Токио 2020“. Колку е голема веројатноста каратето да биде олимписки спорт?

-Многу е голема шансата каратето да биде олимписки спорт. 99 проценти сум сигурен дека каратето 2020 година ќе биде вклучено во програмата на Олимписките игри во Токио!

Kagava demonstracija

КАРАТЕТО И БЕЗБОЛОТ ВО ПАКЕТ НА ОЛИМПИЈАДАТА 2020

Јапонија има две сентиментални работи, два спорта. Прашањето е кој нив да биде на ОИ. Едната е каратето, а другата безболот. Што ќе избере Вашата земја од тие две сентиментални работи?

-Безболот е најпопуларен спорт во екипните спортови, каратето е најтрадиционален боречки спорт и од сите 21 вештина (како џудо, кендо итн) е број еден. Веќе нема конкуренција кој спорт ќе биде на олимписката програма и двата спорта ќе бидат дел од Олимписките игри во Токио!

Зошто Јапонија сака каратето да влезе на Олимписките игри?!

-Како и секој човек на земјината топка, што знае дека Олимписките игри се најголемата спортска манифестација, а воедно и најгледаната во светот, така што, јас, како Јапонец, кој 50 години се занимава со карате, отсекогаш мојот сон бил каратето да дојде на Олимписките игри. Со самото влегување на каратето на ОИ, во светски размери, како и сите други спортови, кои земаат учество на Олимпијадата, владата ги подржува. Таа поддршка ќе расте уште повеќе. Јас ќе бидам најсреќен, бидејќи отсекогаш ми било сон, каратето да биде член на ОИ. Еве, сега сме на почетокот на остварувуњето на сонот.

Kagava pokazuva nesto

НА ОИ ЌЕ БИДЕ ПРИСУТНА САМО ВКФ И НЕЈЗИНИТЕ ЗАКОНИ

Колку за сето ова придонесоа премиерот на Јапонија, Шеинзо Абе, парламентраната група за поддршка на каратето, сосатвена од сите политички партии во Јапонскиот парламент, градоначалникот на Токио, претседателот на ВКФ-Антонио Еспиноз и Вие, како и собраните 700 илјади потписи?

-Сите знаеме дека Токио е главен град на Јапонија, а бидејќи тој е држава во држава, што ќе каже градоначалникот тоа е закон во државата. Тој ги собра одговорните лица на каратето и безболот, при што си дадоа збор дека нема да се конкурираат меѓу себе, бидејќи и двете имаат поддршка од главниот град на Јапонија. Од друга страна, минатата година во декември, градоначалниците на главните градови кои биле домаќини на ОИ беа во Јапонија и сите заедно дадоа целосна поддршка каратето и безболот да бидат вклучени на Олимпијдата 2020 година во Токио.

По состанокот што го имаше градот Токио, кој има голема моќ, бидејќи тој е крвотокот на Јапонија. Поголема работа е кога се избира градоначалникот на Токио отколку премиерот на Јапонија. Кога главниот град се јавува кај премиерот, за да му даде поддршка, тогаш тој со двете раце ја дава.

Ако е толку голема сигурноста дека каратето ќе биде на ОИ во Токио, тогаш кое карате ќе биде застапено на Олимпијадата? Дали тоа ќе биде само ВКФ или и некои други карате организации?

-Само ВКФ! Секое карате е добредојдено, но ќе има само еден закон, а тоа е законот на Светската карате организација (ВКФ). Таа работа е расчистена.

Kagava so martin na seminarot

ПРОМЕНА НА ПРАВИЛАТА

Сепак, има уште една дилема, поради која каратето ги губи љубителите на спортот, однсно се вели дека спортското карате се повеќе заличува на балет. Ќе има ли промени во правилата, односно да биде дозволен поголем контакт, за да се врати сјајот на каратето и да не бегаат од него во други спортови?

-Се согласувам со вашата констатација. Зошто дојде до ова? Едноставноста е најдобра, за да може секој да го разбере она што ќе го види. И самиот се прашувам зошто дојде до ова. Отсега, кога веќе јавно ќе биде објавено дека каратето ќе биде вклучено на ОИ, почнува да се менуваат одредени правила, за да го сведеме карате на многу поедноставна форма на борба и да биде достапно за секој што гледа и да разбира што се случува во борбата (токму Кагава работи на тие правила-н.з.). Многу е тешко. Но, си дадов збор дека ќе ги направам промените. Сето тоа ќе го видиме на ОИ 2020.

ЌЕ МУ ЈА ВРАТАМ ДУШАТА НА КАРАТЕТОKagava zagrevanje so pejov

Има мислења дека запдната философија ја уништи јапонската философија на каратето, односно го направи бизнис и му ја уништи духовноста.

-Спортот е душа. Запад направи да нема душа, туку да има само бизнис. Сега се обидувам да ја вратам душата на каратето, ама многу е тешко. Каратето е духовна и физичка уметност, не е само тепање и тепање. На ОИ во Токио сакаме да ја вратиме оргиналната душа на каратето во спортот.

Како гледате на каратето кога се боревте Вие и сега?

-Сега сите спортови се отидени напред, па така и каратето.

Но, во однос на техниките, борбите, популраноста, сензитивноста, па историските борби, на Вас и на Вашиот учител Накајама. Дали сето тоа ќе остане историја или може да го видиме и сега?

-Она што тие го правеја, а и ние во овие 35-40 години, сакам повеќе да му дадам душевен пристап како спорт, а не да биде тепање.

Колку ви значи тоа што Вашите ученици се во јапонската репрезентација и заедно со Вас, како селектор, освојуваат медали и го враќаат сјајот на јапонското карате?

-Сите членови на репрезнтацијата вежбале во мојата школа.

DSCN4921

ЈАС СУМ САМО КАГАВА

Колку ви годи епитетот „жива легенда на каратето“?

-Јас не знам дека сум популарен (се смее). Но како човек сум задоволен. Јас не сум се променил, и сега сум тој што ме знаат пред 40 или 50 години. Зошто јас да се променам? Ме можам да се променам, без разлика дали сум бил „нај“ или сум на средина или долу. Кога никој не знаеше за мене, јас си бев Кагава. И сега, кога сум на врвот, пак сум Кагава. Тие што ме познаваат, знаат дека сум истиот.

Која ви најдрага борба во кариерата, а и најголема?

-Прв пат кога станав шампион на ЈКА во 1985 година.

Kagava so prstot

Како наједноствано и брзо би се опишале, претставиле себе си?

-Јас бев студент на Универзитетот во Токио.Кој сум јас? Што се чувствувам? Мојот живот е каратето! Но, кога ќе кажеш карате, сите вас тоа ве асоцира на борба, моето видување е како кога одите во свет храм и се крстите (христијаните), односно така се крстам во ова што го работам. Сепак,  како и сите други спортови, денес и каратето е бизнис. Но јас не сум Бизнесмен (ова посебно го нагласува).

Што друго сака во животот сенсеи Кагава, освен каратето?

-Го сакам голфот (се смее)! Поради природата на спортот, бидејќи тој се игра на отворено, а целата околина, природа, е зелена и има мали езерца, додека каратето е во затворен простор.

За кратко време Кагава научил и четири македонски зборови: добро, да, не и наздравје. Притоа вети дека повторно ќе дојде во Македонија.

 ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON