Карате спортот нема да биде на програмата на Олимписките игри во 2024 година во Париз, поради тоа што Меѓународниот олмписки комитет и организаторот сметаат дека правилата не се доволно јасни, па така каратето не е атрактивно.
Светската карате федерација (ВКФ) жали за најавата што каратето нема да биде вклучена како дополнителен спорт на програмата на Олимписките игри во Париз 2024 година.
„Нашиот спорт многу силно растеше изминатите години, а ние сè уште немаме шанса да ја докажеме нашата вредност како олимписки спорт, бидејќи тоа ќе го направиме на нашето деби како олимписка дисциплина во Токио 2020. Во последните месеци заедно со Француската федерација неуморно работевме, за да ја постигнеме нашата цел да бидеме вклучени во Париз 2024 година. Верувавме дека ги исполнивме сите барања и дека имавме совршени услови да бидеме додадени во спортската програма. Сепак, денеска научивме дека нашиот сон нема да се оствари“, рече претседателот на ВКФ, Антонио Еспиноз.
Каратето има повеќе од 255.000 придружни спортисти во Франција во повеќе од 5000 клубови. 55 отстоод овие спортисти се помлади од 18 години. Земјата-домаќин на Париз 2024 е главен центар во каратето и има освоено 15 светски титули на последните четири Светски првенства. На глобално ниво, каратето има 100 милиони фанови во 194 национални федерации ширум светот. Последното Светското првенство беше емитувано во 186 земји и регистрирано учество на 1200 спортисти од 131 земја.
„Франција е една од најсилните земји во каратето. Имавме основани надежи дека ќе бидеме во Париз 2024 поради силата и популарноста на нашиот спорт во Франција. За жал, добивме многу лоша вест за каратето дека нашиот спорт ќе биде исклучен од оваа листа“, изјави шефот на меѓународното раководно тело на каратето.
Светската карате федерација повика да се надмине оваа катастрофална ситуација.
„Уште еднаш, мораме брзо да закрепнеме и да продолжиме да работиме како што секогаш сме го правеле тоа. Така сме способни да имаме Федерација и спорт на кој сите ние сме горди. Затоа, јас сметам на вашата поддршка и на соработката, како и секогаш“, рече Еспиноз во името на милиони следбеници на каратето.