Македонскиот воин, Горјан Гого Славески, синоќа ја издвојува и втората професионална победа во малото место Елк Грув вилиџ, во државата Илиноис (САД), во хотелот Белведере, Гого во четири рунди, го победи Американецот Роберт Гуреро во својата втора борба во леснотешка категорија во малото место Елк Грув вилиџ, во државата Илиноис (САД). Победата му беше доделена со едногласна одлука на судиите 40-36.
„Не победив со нокаут и навистина ми е криво што непадна. Од друга страна, ќе ме памети цел живот проради тие удари. Многу се подготвува за оваа борба, физички, но и психички. Како што знаете, имам повреда на левата рака од предпоследната аматерска борба во септември и не можам целосно да ја користам. Најверојатно е потребна операција, ама нема сега да го направам тоа, затоа што само што почнав“, изјави по борбата за IPON.mk, Гого Славески.
Дали ова значи дека наскоро може да очекуваме и премин во најсилните боксерски федерации/асоцојации?
„Дојдоа, од ВБЦ Давид Дијаз и од ВБА, Андреј Фонфара (лајт хевивејт), кој по борбата ми соопшти дека ќе му спарингувам за неговата наредна борба. По двете победи одиме со високо темпо и бркаме скор што може највисок за една година, па здравје, ако испадне се како што треба, наредната година може да имам и борба за титулата! Но, тоа зависи од менаџерите“.
За „Заборави на грчот во утробата кога никој не забележуваше колку вредиш“, накого мислеше кога ти ја кренаа раката?
„Мислевна Боксерската федерација на Македонија што ме игнорира од првиот ден па се до денес. На луѓето што се смееја; на Агенцијата за млади и спорт што не ми овозможи ни 10 денари; на клубовите што не ми даваа шанса за натпреварување; на докторите што не ми даваа печат за „способен“. Знамето го дигнав затоа што сум Македонец и се гордеам со тоа, за сите луѓе што се долу. Тие вредат нешто и што неизмерно се радуваат на туѓа среќа и успех. Се гледаме во март со нова победа“!
Ipon.mk/В.Д.