Веста дека Федор Емилијаненко се враќа во ММА борбите ја разбуди фантазијата на навивачите на слободни борби. Од навувачите па до воините, сите тие почнаа да прават проценки за тоа кој би можел да биде првиот противник на Федор.
По три години пауза, Федор Емилијаненко, кој целосно закрепна од сите повреди, најави дека ќе се врати на борбите. Се нагаѓаше на која организација ќе се приклучи и кој би можел да му биде првиот противник.
Сега конечно се огласи и Федор, кој за време на посетата на младински форум „Машук 2015“ откри со кој би сакал да се бори кога ќе се врати.
„Би сакал да се борам против Фабрицио Вердум“, ја пренесе изјавата на Федор, Mixfight.ru.
Еден од ретки порази во кариера на Федор (34-4) го претрпе токму од актуелниот шампион во тешка категорија на УФЦ. Тоа беше во 2011 година, под закрила на Strikeforce, а Вердум во таа прилика ја прекина десетгодишната доминација на Федор.
Наводно, се преговара за доаѓање во УФЦ, а Федор и неговиот менаџер бараат борба за шампионската титула по првиот меч. Како можни први противници се спомнуваат Џош Барнет за средба во Јапонија на УФЦ Фајт најт 76, што значи дека Федор би го заменил Рој Нелсон, или, пак, Френк Мир.
Ќе го чекаме развојот на настаните …