ЕКСКЛУЗИВНО-Анамарија Георгиевска: Имав полет, чуствував дека никој не може да ме сопре до медалот! Ќе донесам медал и од Олимписките игри!

Анамарија Георгиевска го освои првиот медал за Македонија на светските првенства во таеквондо. Таа се закити со бронзен медал од Светското првенство за јуниори во Хамамед во Тунис во категоријата до 59 килограми. Малку и недостасуваше да се бори за златниот медал, но покажа дека има големо срце и дека на македонскиот спорт ќе му носи уште поголеми радости.

Семејството Георгиевски ја збогати колекцијата на трофеи откако на крајот на минатата година брат и Дејан Геогиевски стана европски шампион во олимписки категории.

Новиот предизвик за Анамарија се младинските Олимписки игри во Буенос Аирец, Аргентина, на крајот на летото.

Го освои првиот медал за Македонија на Светските првенства за јуниори. Какво е чуството да си прв во нешто, посебно за спорт кој ги прави најголемите успеси во овие 2-3 години?

-Се чуствувам одлично! Горда сум што можам да го развејам македонското знаме на пиедесталот, каде што е собран светскиот крем на овој олимписки спорт. Се надевам дека по овој медал од Светското првенство е трасиран патот за успеси на светските шампионати за нашите натреварувачи.

Дали имаше товар, ако се имат предвид медалите на Г-1 турнирите, дека си нашиот најголем адут за медал?

-Искрено, не! Напротив, медалите од Г-1 турнирите ми дадоа само дополнителен мотив на ова Светско првенство, затоа што Г-1 турнирите се највисоката класа на турнири.

Како ги оценуваш борбите до полуфиналето и самата борба за влез во финалето?

-Искрено првата борба ми беше најтешка против натпреварувачката од Египет, но тоа е секогаш така додека не се скрши мразот. Натпреварувачките од Аргентина и Иран ги победив со доминација. Едноставно, имав полет со кој чуствував дека никој не може да ме сопре до медалот.

Што пресуди во борбата со Кореанката?

-Полуфиналната борба ја работев со натпреварувачка од Кореа, впрочем овој спорт потекнува од Кореа која е најсилната таеквондо држава во секоја смисла. Притисокот си го направи своето, изгубив 21-14. Но, се надевам дека наскоро повторно ќе се сретнам со истата натпреварувачка и ќе покажам дека можам да ја победам најдобрата натпреварувачка во мојата категорија.

Како што кажав, пресуди притисокот. Тоа е исто како македонската кошаркарска репрезентација да игра со САД, но ветувам нареден пат нема да биде така.

Со ова фактички ја завери визата на младинските Олимписки игри. Може ли македонската јавност да с енадева на медал од Буенос Аирес?

-Од Буенос Аирес ќе донесам медал.

Кои се наредните настапи?

-Наредни настапи се на Г-2 турнир во Атина Грција тој се одржува еднаш годишно и носи дупло повеќе бодови од Г-1. Најверојатно на овој турнир ќе настапам како сениор, моите тренери прават стратегија како е најдобро и секако по нивната одлука јас сум тука да постапам.

Здравје, ми останува цело лето да се подготвувам за младинските Олимписки игри во Буенос Аирес. И оттаму  ќе се чуе МАКЕДОНКА овоила медал на младинските Олимписки игри во Аргентина!

Има ли ривалство со брат ти Дејан Георгиевски – европскиот првак, кој ќе освои повеќе медали?

-Брат ми Дејан ми е само поттик, а по тренерите тој е клучен фактор за моите успеси. Секогаш е тука за добар совет, за мотив и слично. Но, морам да го споменам и мојот втор брат Костадин кој исто така е успешен таеквондо борец. Мислам дека кога се борам тој има повеќе желба да победам, отколку јас!

Благодарна сум на Бог што имам родители и двајца браќа кои се тука секогаш кога ми е потребно!

Патот до медалот
Анамарија Георгиевска – Тока Хасанод – Египет 7-5
Анамарија Георгиевска – Гианела Еволо – Аргентина 26-7
Анамарија Георгиевска –  Махса Киадалири – Иран 15-6
полуфинале
Анамарија Георгиевска – Ју А Парк – Јужна Корeа 14-21

Златниот медал во оваа категорија го освои Србинката Серџа Стевиќ, а вториот бронзен Лилија Кузина од Русија.

 

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON