ЕКСКЛУЗИВНО- Ален Амедовски: Сонот ќе стане јаве – ќе се борам за титула! Знамето што го носам е икона на мојата земја и многу ми значи!

Ален Амедовски неодмана ја извојува осмата победа со нокаут во Белатор на настанот во Џенова, Италија, против Ибрахим Мане од Франција, при што славеше со нокаут за само 12 секунди. Тоа е вториот најбрз нокаут во Белатор по оној на шампионот Хектор Ломбард.

Ексклузивно за Ipon.mk Амедовски кажува за неговите планови и кога може да очекуваме борба за шампионската титула.

Уште една ефектна нокаут победа за само 12 секунди. Очекуваше ли дека толку бргу ќе го завршиш Ибрахим Мане?

-Со мојот тренер и мојот тим Калид фајт тим ја следвме стратегијата што беше определана уште пред борбата. Знаевме дека добро работи со нози, затоа се определивме да правам пресинг и да го нокаутирам.

Колку ти значи тоа што го имаш вториот најбрз нокаут во категоирјата во Белатор, по шампионот Хектор Ломбард?

-Се гордеам со фактот што го имам вториот најбрз ноакут во Белатор. Чест ми е што моето име е веднаш зад шампионот Хектор Ломбард.

Кога може да ја очекуваме наредната борба?

-Мислам дека ќе имам 3-4 борби годишно, на секои три месеци, така што наскоро ќе почнам нов тренинг-камп.

Дали конечно ќе добиеш шанса да се вмешаш во борбата за појасот?

-Мислам уште една до две такви победи може да се зборува за големи имиња, па и за титулата. Од 16 години сонувам да се борам со најдобрите во светот и драго ми е што сум во едната од двете водечки ММА организации во светот. Сакам да се борам со водечките имиња во светот. Одиме напред и верувам во успех.

Во оваа насока твојот менаџер Алекс Данди истакна дека ќе труди да го направи најдобриот договор за тебе и дека има големи очекувања од тебе. Што ќе значи најдобриот договор, дали е тоа голема борба за титула?

-Нормално, Алекс Данди има интерес да добиеме многу добри борби, а тоа значи со добар договор да се заработат и големи пари, односно да се има добар спонзор и сите неопходни услови за тренинг и подоготовки. Данди е добар во таа работа. Работиме заедно една година, иако се знаеме десетина години. Сигурни сме дека ќе направиме добри работи заедно, така и ќе продолжиме.

Тов вели дека нема кој да запре во твојата категорија по 8-0 со КО. Кои се сериозните противници во твојата категорија?

-Има доволно сериозни противници во мојата категорија. Еден од тие е легендата Гегард Мусаси, на кого сум и фан, па Александар Шлеменко. Ќе биде голема чест и многу значајно за мојата кариера да се борам со еден од нив – сонот да стане јаве. Се надевам дека набрзо ќе дојде и тој ден за една таква борба, бидејќи цело време се подготвувам за тоа.

За колку време Македонија ќе добие ММА шампион во една од најпристижните организации – Белатор?

-Не знам за колку време Македонија ќе добие шампион во Белатор, но сметам дека нашата држава треба повеќе да ги поддржува своите борци. Мислам дека во моментов највисоко котирам во ММА светот од сите македонски борци, затоа велам дека Македонија треба да го почитува и да го поддржува тоа, затоа што јас се борам со две знамиња. Македонија би требало да го прави своето, а Италија многу добро гоправи тоа и ме сместаат за Италијанец и ме поддржуваат.

Како гледаат Италијанците на твоите успеси, бидејќи таму живееш?   

-Италијанците ме поддржуваат како Италијанец и им е голема чест. Против Мане цела сала навиваше за мене, околу 5000 луѓе. Тие ме сметаат како дел од нив, а и јас така чувствувам, бидејќи тука растев, но јас сум и Македонец. Имам голема поддршка во Италија.

Амедовски наскоро доаѓа во Македонија и се надева на пречек како што доликува на големите борци.

-Се надевам ќе бидам достојно репрезентиран, како што јас ја репрезентирам. Се откажав од многу спонзори само заради знамето што го носам на моите шорцеви. Тоа многу ми значи. Тоа е икона за мојата земја и за мојата гордост.

https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/342721266308987/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON