Николај Валуев, поранешниот светски шампион во тешка категорија, инаку пратеник во руската Дума, не очекува дека многу руски спортисти ќе се откажат од националноста за да учествуваат на спортските натпреварувања, но ги предупреди тие кои ќе станат „предавници“.
По руската инвазија на Украина, повеќето спортски интернационални федерации или целосно ги исклучија руските и белоруските спортисти, или ги примораа да се натпреваруваат како неутрални.
„Не верувам дека има масовна промена на државјанството од руските спортисти по суспензиите. Во моментов менување на спортско државјанство е вистинско предавство и затоа малкумина ќе се осмелат да го направат тоа. Инаку, сите одлуки за исклучувањето на руските спортисти се апсолутно нелегални“, вели Валуев.
48-годишниот Валуев, кој инаку е висок 213 сантиметри, двапати беше ВБА шампион во тешка категорија од 2006 до 2009, пред да се повлече во 2009 по вториот пораз во кариерата од Британецот Дејвид Хеј.