Експресна победа на Ристо Димитров-Чурино против Сегеди на БФН (ВИДЕО)

Ристо Димитров –Чурино извојува експресна победа со прекин во првата рунда против Атила Сегеди на Барaбер фајт најт (БФН) во Белишќе, Хрватска.

Ристо нападна од првата секунда со удар во главата, веднаш потоа го собори и задавше по некој удара, но Димитров успеа да се ослободи од зафатот со нозе и да дојде во доминантна позиција и да пласира серија удари во главата. Судијата беше приморан да ја прекине борбата.

Борбата почнува на 03:19:00.

Ова е борба по подолго време на Димитров кој работи како тренер во Оман. Инаку, Чурино во оваа хрватска организација има шампионски појас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON