Егзекуторот пресече: Судиите погрешија, Вајлдер го победи Фјури

Легендарниот светски шампион во средна и во лесно-тешка категорија Бернард Хопкинс – Егзекуторот објави дека Дионтеј Вајлдер е праведниот победник во мечот против Тајсон Фјури.

Средбата во тешка категорија на крајот заврши без победник. По 12 рунди судиите изгласаа нерешен резултат.

„Вајлдер ја доби борбата со Фјури. Уверен сум дека нокдауните му ја обезбедија победата Фјури зададе удари, но тие не беа ефикасни. Дионтеј направи доволно. Судиите згрешија. Следниот пат Вајлдер ќе го откаже. За мене, Ентони Џошуа е најздравиот боксер во тешка категорија“- смета Хопкинс.

https://www.youtube.com/watch?v=3jk1izcY2AI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON