Егоров ќе се бори за златниот медал на Европското првенство (ВИДЕО/ ФОТО)

Владимир Егоров ќе се бори за златниот медал на Европско сениорско првенство во борење во Будимпешта-Унгарија. Егоров во полуфиналето го совлада Манвел Хнџрстјан од Ерменија со 10-0, техничи туш.

Во финале силите ќе ги одмери со Азарбејџанецот Алијабабас Рзазаде. Големото финале е утре по 18 часот. 

Могамедгаџи Нуров доби шанса во репасажот, бидејќи неговиот противник се пласира во финалето, и утре против Батирбек Цакулов од Словачка ќе се обиде да се избори за да се бори за бронза.

За жал, на фати Вејсели не му се укажа прилика за репасаж.

Резултати – Европското првенство 2022:

57 кг
Владимир Егоров – Никлас Штехеле (Германија) 5-4 ¼ финале
Владимир Егоров – Манвел Хнџрстјан (Ерменија) 10-0
Финале
Владимир Егоров – Алијабабас Рзазаде (Азербејџан)

61 кг
Бесир Алили – Адам Баибулатов (Франција) квалификации

70 кг
Фати Вејсели – Џанлука Таламо (Италија) 13-3 1/8 финале
Фати Вејсели – Зирадин Бајрамов (Азербејџан) 4-9

79 кг
Дејан Митров – Саифедин Алекма (Франција) 0-10 квалификации

97 кг
Могамедгаџи Нуров – Владислав Бајцаев (Унгарија) 4-6
Репасаж
Могамедгаџи Нуров – Батирбек Цакулов (Словачка)

Утре на душекот ќе се појави Бесир Алили, кога се и борбите за златото и за репасаж.

https://www.facebook.com/100000476392735/videos/521302989663732/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON