Владимир Егоров се пласира во полуфиналето на Европско сениорско првенство во борење кое почнува денес во Будимпешта-Унгарија, додека Фати Вејсели и Могамедгаџи Нуров ќе чекаат шанса во репасажот доколку нивни противници од кои изгубија се пласираат во финалето.
Владимир Егоров го совлада Никлас Штехеле од Германија со 5-4, а во полуфиналето ќе се сретне со Манвел Хнџрстјан (Ерменија).
Фати Вејсели покажа и на сениорското првенство дека може да се носи со елитата. Тој во осминафиналето славеше над Џанлука Таламо (Италија) 13-3, а потоа загуби од азербејџанскиот борач Зирадин Бајрамов 4-9.
Митров и Нуров се поразени во првитеборби.
Резултати – Европското првенство 2022:
57 кг
Владимир Егоров – Никлас Штехеле (Германија) 5-4 ¼ финале
Владимир Егоров – Манвел Хнџрстјан (Ерменија)
61 кг
Бесир Алили – Адам Баибулатов (Франција) квалификации
70 кг
Фати Вејсели – Џанлука Таламо (Италија) 13-3 1/8 финале
Фати Вејсели – Зирадин Бајрамов (Азербејџан) 4-9
79 кг
Дејан Митров – Саифедин Алекма (Франција) 0-10 квалификации
97 кг
Могамедгаџи Нуров – Владислав Бајцаев (Унгарија) 4-6
Утре на душекот ќе се појави Бесир Алили, кога се и борбите за репасаж.