Египетски борач под дејство на алкохол сексуално нападнал жена во Париз

Египетски олимписки борач е уапсен во Париз под обвинение за сексуален напад, соопшти француското обвинителство. Во соопштението на париското обвинителство се наведува дека 26-годишен борач од Египет бил приведен во петокот рано наутро откако наводно допрел жена.

Обвинителството не го наведе името на борачот, но изјави дека е роден во Египет и дека бил во Париз каде учествувал на Олимпијадата. Француските медиуми, меѓу кои и весникот „Паризиен“ наведуваат дека тој бил под дејство на алкохол.

Осомничениот е Мухамед Елсајед, бронзен медалист на Игрите во Токио, а во Париз бил поразен од Азербејџанец кој подоцна го освоил медалот.

Иако полицијата не потврдува, се шпекулира дека станува збор заМухамед Елсајед кој на игрите во Токио освои бронзен медал.

Фото: Принтскрин Х

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО