Ефтимов: Президент купот беше добра проверка за Мила Рељиќ и отстранување на слабостите во борба

Тренерот на репезентативката во таеквондо Мила Рељиќ Александар Ефтимов зборуваше за првиот настап во оваа година, при што укажа на слабости кои се увидени на турнир Президент купот во Истанбул викендов.

„На Мила ова и беше прва борба по Светското првенство во ноември и се гледаше дека и фали таа самодоверба. Инаку, имаше сила, желба и мотивација, ама самодовербата е падната. Минатата недела имаше тешка повреда на рбетниот столб од удар и не вежбаше неколку дена. Уште ја влече таа повреда. Сето тоа придонесе психички да падне за овој турнир“, вели Ефтимов.

Ефтимов истакнува дека на следниот натпревар „Туркиш  опен“ нема да одат, туку ќе се подготвуваат за 25-26 февруари за Словенија опен.

-62 кг
Мила Рељиќ – Сефика Чакал (Турција) 0-2

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON