Младите борачки на Бучим шампиони од Конче, Радовиш, освоија четири медали на Меѓународен турнир во Качаник, Косово, од кои еден е златен а три се бронзени.
Златен медал освои Софија Ристова, додека бронзените се за Спасија Василева, Фросина Атанасова и Софија Зајкова.
На турнирот учествуваа повеќе од 60 борачки.