Изминатиов викенд се одржа Европското првенство во кендо во Скопје на кое имавме можност да ги видиме европските и светски кендо натпреварувачи и од поблиску да се запознаеме со оваа дрвана јапонска вештина.
Кендо и иаидо федерацијата на Македонија со нејзиниот претседател Златко Кесковски заслужуваат едно големо браво за организацијата на Европскиот шампионат, бидејќи се функционираше на највисоко ниво, што впрочем го почувствуваа речиси 500 натпреварувачи и многу тренери гости и дипломати. Секако, посебна почест на ЕП му дада присуството на јапонскиот амбасадор со седиште во Виена.
Врв на се беше почеста за сите оние кои на некој начин беа вклучени во организацијата, како волонтерите, лекарите, креативците, организатори, новинари и натпреварувачите.
Со ова Кендо и иаидо федерацијата на Македонија ги избриша сите сомнежи што ги имаа од Европската кендо федерација во врска со организацијата и за овој шампионат забележаа – најмасовен и најдобар.
Вратите се отворени и за поголеми манифестации.
Конечни резултати од Европското првенство.
Ipon.mk/В. Д.