Нашиот единствен претставник на Европското првенство за кадети во борење во Стокхолм-Шведска, Рамазан Гаџиханов (58 кг) не можеше да добие потежок жреб.
На ЕП кое почнува денеска и ќе трае до недела, жребот беше немилосрден спрема нашиот борач во слободен стил, бидејќи во квалификациите стартува протов рускиот репрезентативец Ајубхан Саидалханов. Ако го помине Русинот, оди на победникот од мечот меѓу Флоријан Пол (Германија) – Валтер Вале (Шведска), и во случај да се пласира во четвртфиналето можниот противник е од мечевите Турција – Белорусија и Шпанија-Германија.
Да спомнеме дека на ова првенство учествуваат по двајца претставници во категорија од една држава.
Ipon.mk/В.Д.