Се навршуваат девет години од освојуванјето на историскиот сребрен медал во ката поединечно на Европското превенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар. На вчерашен ден во 2016 година Абдурахим Идризи како член на Макпетрол го освои првиот и досега и единствениот индивидуален ката европски медал за Македонија и тоа во кадетска конкуренција.
Потоа успешно работеше кумите и освои многи државни, балкански а и светски медал во кумите на Светската младинска лига во Умаг, Хрватска. Така сто стана единствениот каратист од овие простори кои освои ВКФ медал и во кати и во кумите.
Беше на пат да направи несекојдневен успех, да освои медал и во борби на ЕП, но за малку не му успеа тоа, а помалку не му одоговарше и начинот на составување на репрезентацијата.
Поради повреда мораше са се повлече од активно карате, сега, што е добро за карате спортот, Абдурахим се враќа, но сега во улога на тренер, предводејќи го Карате клубот Идризи кој што почна со работа од неодамна. Идризи ќе се потруди да им го пренесе своето знаење на младите генерации.
Карате клубот Идризи гравитира во ОУ П.З. Пенко во Скопје север, Општина Бутел.