Џудо репрезентативецот Еди Шерифовски (-81 кг) ќе ја претставува Македонија на „Тбилиси Гранд слем 2024“ во Грузија.
Шерифовски во Грузија патува со селекторот Горан Мицкоски.
„Ова е еден од натпреварите за собирање бодови за учество на ЛОИ Париз 2024. Еди Шерифовски во првото коло утре во раните утрински часови се сретнува со репрезентативецот на Казахстан Мади Амангелди“, информира Џудо федерацијата на Македонија.
На Гранд слемот во Тбилиси викендов (22-24 март) ќе настапат 531 натпреварувач од 83 држави.