Еди Шерифовски и Никола Павловски ќе настапат на Европското првенство за сениори во Подгорица – Црна Гора, од 23 до 27 април.
Репрезентативцијата на Македонија ја предводи селекторот Горан Мицкоски.
На Европското првенство за сениори ќе настапат 414 натпреварувачи од 47 земји.
Денес во 10:30 часот настапува Еди Шерифовски (-81 кг) и во првото коло ќе се бори со Мухамед Коч од Турција, додека во категоријата -100 кг Никола Павловски во сабота ќе ги одмери силите со Александар Кукољ од Србија.