Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги претставува учесниците на претстојната Олимпијада која ќе се одржи од 26 јули – 11 август во Париз, а ние ќе ги претставиме спортистите од боречките спортови.
Еди Шерифовски – џудо
Ова е трета Олимпијада по ред на која Македонија ќе има претставник во џудо. Претходно Катерина Николовска во Рио 2016 и Арбреша Реџепи во Токио 2020 учествуваа на Олимписките игри.
За нашиот најдобар џудист, Олимпијадата значи сон од детеството и цел која живеела во него секој ден.
„Чувството е феноменално, на моменти заборавам дека навистина ќе бидам Олимпиец. Една „придавка” која многу значи за мене. Како еден чин, придавка која се добива со многу работа.
Очекувањата лично за мене се големи. Иако не сум фаворит на хартија, знам дека можам да приредам едно големо изненадување. Спремен сум и физички и ментално за да ја направам нацијата горда“, изјави Шерифовски за МОК.
Турнирот во џудо е од 27 јули до 3 август. Еди својот прв настап ќе го има на 30 јули.