Еди Хорн: Мејведер се враќа во септември против Дани Гарсија

Mejveder poda berto

Англискиот боксерски промотор, Еди Хорн, излезе со интересно видување. Според него ѕвездата Флојд Мејведер во септември ќе се врати во рингот.

Американецот го објави пензионирањето пред осум месеци. Се повлече со 49 победи од 49 натпревари. Во десетици интервјуа Мејведер потврди дека нема намера да се врати.

„Според мене, Дани Гарсија ќе се бори со Флојд Мејведер во септември“, изјави Хорн.

Британскиот промотор е ангажиран од светските шампиони во полусредна категорија, Кел Брук, кој се обидува да обезбеди средба со американски ривал. Токму Дани Гарсија е меѓу варијантите за противник, бидејќи е носител на појасот на Светскиот боксерски совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON