Еди Херн за одлуката да им дозволи на личностите со машки хромозоми да се натпреваруваат со жени: Светот малку полуде

Во Париз во тек се Олимписките игри, а веќе неколку дена една од главните теми во олимписките кругови е одлуката на МОК со која се дозволи настап на две боксерки кои не го положија половиот тест на последното Светско првенство во бокс во Њу Делхи.

Меѓународниот олимписки комитет на сите им сугерираше по кои рамки треба да постапат, а критериумите сепак им ги препушти на светските федерации, избегнувајќи тешки одлуки.

Но, донесоа една таква, контрадикторна, а тоа е дека Алжирката Имане Келиф (57 кг) и Тајпејката Лин Ју Тинг (66 кг) можат да настапат на женскиот боксерски турнир во Париз.

А според Светската боксерска федерација, и двајцата имаат машки хромозоми и ниво на тестостерон над биолошки нормалното за жените.

Познатиот боксерски промотор Еди Херн остро ја осуди одлуката.

„Не знам дали воопшто треба да разговараме за тоа. Не ја познавам доволно ситуацијата и спортистите, но единствено што ќе кажам е дека, според мене, ако сте родени како машки пол, не треба да се натпреварувате против жени“, изјави Еди Херн и додаде:

„Во спорт во кој можете да го повредите противникот и да му нанесете сериозна штета, тоа апсолутно не е во ред. Можеби во некои други спортови е во ред, но не во бокс, тоа е мое мислење. Светот малку полуде и здравиот разум е минато“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON