Еди Херн верува дека Теренс Крафорд повеќе нема да се бори

На почетокот на август американскиот боксер Теренс Крафорд го победи Узбекистанецот Израел Мадримов и ја освои титулата на ВБА во супервелтер категорија.

Познатиот промотер Еди Херн неодамна изјави дека на непоразениот Бад (41 победа) тоа би можело да му биде последната борба во кариерата.

По победата над Мадримов Крафорд уште еднаш беше поврзуван за борба со Канело Алварез, но засега ништо од тоа.

Канело ќе се бори со Едгар Берланга на 14 септември, но Херн верува дека Крафорд ќе се пензионира доколку не може да договори борба со мексиканската икона.

„Не сум сигурен дека Теренс Крафорд повторно ќе се бори“, рече Еди Херн, а потоа продолжи:

„Добро заработи во последните неколку борби и не знам дали сака да се бори со Вергил Ортиз. И верувам дека не сака меч против Јарон „Бутс“ Енис“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON