Еди Херн верува дека Фјури и Чисора ќе боксираат пред полни трибини на стадионот на Спарс

Борбата меѓу британските тешкаши, шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури и Дерек Чисора ќе се одржи на 3 декември на стадионот на Тотенхем Спарс во Лондон.

Ромскиот крал досега двапати се бореше со Чисора и двата пати победи.

Дерек во последниот настап со поделена одлука го совлада Кубрат Пулев, а претходно имаше три порази во низа.

Фјури го избра најлесниот противник во моментов, бидејќи се подготвува за меч против Александр Усик во борба за обединување на титулите следната година.

„Публиката не ја прифати таа борба со ентузијазам. Тајсон досега двапати го победи Дерек и изгледа дека е тешко да ја продаде оваа борба. Знавеме дека Фјури ќе избере лесен противник, но мислевме дека ќе прифати дуел против Чар, токму спротивно од она што со недели се случува на социјалните мрежи“, изјави Еди Херн и додаде:

„Велат дека продале повеќе од 50.000 билети. Верувам дека стадионот ќе биде распродаден и ќе боксираат пред полни трибини. Тајсон Фјури е големо име, а луѓето знаат и кој е Дерек Чисора. Да се ​​бореше Тајсон со Чар, веројатно никој немаше да дојде кај нив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON