Боксерскиот промотор Еди Херн верува дека Ентони Џошуа наскоро би можел да побара реванш против Даниел Дубоа, но ќе остави уште некое време да размисли за тоа.
Олимпискиот победник од Лондон минатиот месец по трет пат се обиде да ја освои светската титула, но на пат го спречи Даниел Дубоа.
Во боксерскиот спектакл на преполниот Вембли Дубоа го собори Еј Џеј три пати пред да го нокаутира во петтата рунда.
Многумина веруваа дека Џошуа ќе го добие тој меч и го чекаа победникот од дуелот меѓу Усик и Фјури, но сега планот е променет.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн, веднаш најави дека Еј Џеј ќе бара реванш против Дубоа, а сега тоа го потврди.
„Мислам дека и двајцата мислиме исто и верувам дека Еј Џеј на крајот ќе побара реванш против Дубоа“, изјави Еди Херн и додаде:
„Не знам дали го интересира нешто друго освен обидот да му се реваншира на Даниел за тој пораз. Ентони добива совети од мене, Бен, Фреди и целиот тим, тој ќе ги одмери сите опции и ќе донесе своја одлука“.