Еди Херн смета дека Џошуа пред да ги закачи ракавиците, треба да се соочи со Фјури

Да беше до Еди Херн, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури конечно ќе стапнеа заедно во рингот следната година.

Џошуа се наоѓа на крстопат во својата кариера откако викендов на импресивен начин загуби од Даниел Дубоа, при што Дубоа го нокаутира „AJ“ во петтата рунда за успешно да ја одбрани светската титула во тешка категорија на ИБФ.

Дали ќе почекаме до 21 декември и ќе видиме што ќе се случи со Тајсон Фјури (против Усик) или ќе се вратиме веднаш на Даниел Дубоа? За мене, треба да се бориме со Тајсон Фјури пред да заврши.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAZN Boxing (@daznboxing)

„Знаеш, му реков на Еј Џеј пред некоја вечер, ’Ти останаа некаде меѓу една и три борби и стана многу тивок на телефонот. Тоа е како сознанието: „Леле, тој не сака да го напушти спортот. Тој го сака тоа“.

„Но, како тим ќе се погрижиме да го напушти спортот во вистинско време, а ти го напушташ кога ќе ти се влоши состојбата и кога тоа се забележува во салата, кога не правиш добри спаринзи, заработувап повреди и така натаму, ит н. И ништо од тоа не се случува, патем“.

Тој додаде: „Ако Тајсон Фјури загуби од Александар Усик, мојот совет е двајцата да имаат две борби во 2025 година и потоа да отпловат кон зајдисонцето. Нека победи најдобриот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON