Шефот на Мечрум бокс, Еди Херн, откри дека поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану (17-3) би можел да се соочи со 39-годишниот Британец Дерек Чисора (33-13) во своето боксерско деби.
Нгану и ПФЛ го објавија своето партнерство на 16 мај оваа година. Камерунецот ќе се натпреварува во новата Супер фајт дивизија, која е создадена за да ги привлече борците да потпишат договори со подобри услови.
Предаторот планира да дебитира во ПФЛ во 2024 година, а оваа година сака да се бори во бокс. Ако му се верува на Херн, тогаш Нгану ќе оди против Чисора.
„Слушнав дека Нгану ќе се бори со Чисора во декември. Саудијците сакаат да организираат настан од висок профил во тешка категорија. Навистина ми се допаѓа оваа борба бидејќи мислам дека Френсис нема да се натпреварува со Фјури или Ентони Џошуа .
Френсис сака голем хонорар. Нгану навистина може да погоди. Ако ги погоди Фјури, Еј Џеј или Чисора, може да ја добие борбата. Не знам што сака Френсис, но тоа се десетици милиони долари“, изјави Херн за ММА час.