Еди Херн: Предлогот на Вајлдер е маркетинг, каде е договорот?

 

Промоторот на Ентони Џошуа – Еди Херн, е со „симнати гаќи“ по шокантната понуда на Дионтеј Вајлдер до неговиот клиент во износ од 50 милиони долари. Толку ќе добие Британецот, ако се согласи да се бори со својот ривалот во САД. Вајлдер лично испрати е-пошта со предлогот на Еди Херн и тренерот на Џошуа Роб Мек Крекер.

„Не знаеме колку е вистинит овој предлог“, вели англискиот промотор за Скај спорт и додаде:

„Вајлдер испрати писмо во кое пишува – треба да потпише договор утре и ќе имаме меч. Се уште не сме го видел договорот. Ова е прекрасен ПР-потег, но ајде да видиме. Добро е што Дионтеј го направи овој предлог. Треба да сме свесни колку е сериозно. Сакам да видам договорот, да се разбереме каде ќе биде средбата и уште многу други работи. Дефинитивно сме заинтересирани за оваа бројка“

Херн во моментов е во САД. Денес се очекува да преговара со луѓето на Вајлдер – Шели Финкел и Ал-Хајман.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON