Британскиот бокс промотор, Еди Херн, на изненадување на сите потпиша договор со скандалозниот Кубанец Луис Ортиз.
Непоразениот талент се приклучува на силната компанија на борци во тешка категорија како Ентони Џошуа и Дилиен Вајт.
„Следните неколку месеци ќе ми бидат многу напорни. Мислам да го продолжам мојот пат кон светската титула“, рече Ортиз.
Херн работи само со британски боксери, но за првпат направи исклучок.
„Навивачите ќе уживаат во неговата деструктивна моќ. Многу луѓе го избегнуваат. Неговиот прв натпревар ќе биде во ноември“, коментира Херн.
https://youtu.be/MYg5iK8Pmzs