Во септември Ентони Џошуа претрпе тежок пораз од Даниел Дубоа во меч за шампионскиот појас во тешка категорија на ИБФ.
Поранешниот двократен светски првак три пати беше нокаутиран, а потоа во петтата рунда Даниел го заврши со брутален нокаут.
Промоторот на Џошуа Еди Херн веднаш изјави дека Еј Џеј ќе бара реванш, но се чини дека неговиот борец не може доволно добро да се подготви до февруари кога е најавено враќањето на Даниел во рингот.
Според Херн, освојувачот на златен олимписки медал од Лондон во 2012 година би можел да биде подготвен за борба дури во мај, но Дубоа не сака да чека дотогаш, туку сака меч со задолжителен предизвикувач за титулата во ИБФ.
Сопственикот на Мечрум пред неколку дена изјави дека Џошуа не е тешко повреден, но сепак тврди дека би имал премалку време да се подготви доколку борбата била закажана за февруари.
„Ентони нема поголеми повреди. Секој борец има проблеми на тренинг кампот, особено кога си тешкаш кој тренира секој ден и има многу спаринг натпревари“, рече Еди Херн и додаде:
„Засега нема никакви проблеми, но едноставно не може да започнеме сериозни подготовки по пет-шест недели пауза по ваков пораз. Тоа е се. Тој не ги повреди бицепсите, но прилично е истрошен, што значи дека не може да влезе во тренинг кампот со интензитетот што би сакал“.
Дубоа бара друг противник, а Џозеф Паркер е едно име што е предложено како веројатен кандидат за борба на почетокот на 2025 година.
Доколку Даниел победи, тогаш би можел да следи реванш со Џошуа. Или, пак, Еј Џеј би можел да се подготвува за долгоочекуваниот меч против Тајсон Фјури.