Еди Херн: Не сум сигурен дека некогаш ќе имаме борец како Ентони Џошуа

Следниот потег на Ентони Џошуа се уште не е познат. Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија се уште се поврзува со пресметка против Тајсон Фјури. Пресметка меѓу двајца врвни британски боксери може да се одржи во 2025 година.

А Џошуа сакаше да ја врати светската титула во септември минатата година, но загуби со нокаут од Даниел Дубоа во мечот за појасот во тешка категорија на ИБФ.

Многумина овој пораз го гледаат како пресвртница во неговата кариера кога може да го означи крајот, но веројатно нема да се случи толку наскоро.

По двата порази од Александар Усик, кога ги загуби титулите, а потоа и во реваншот, Џошуа извојува четири последователни победи.

Се чинеше дека ја вратил самодовербата, но потоа следеше тежок пораз на преполниот Вембли против сонародникот Дубоа.

Не може да се занемари дека Џошуа имаше незаборавни настапи на преполните стадиони, што постојано го нагласува неговиот промотор Еди Херн.

Сопственикот на Мечрум промоцијата е со Еј Џеј од првиот ден и тврди дека пензионирањето на Џошуа ќе остави празнина во светот на боксот.

„Не сум сигурен дека некогаш ќе имаме борец како Ентони Џошуа. Никогаш не сме виделе некој како него, нели? Во тешка категорија го освои олимпиското злато во Лондон, а потоа ги охрабри помладите генерации на глобално ниво да почнат да спортуваат “, рече Еди Херн и додаде:

„Не заборавајте, откако го победи Кличко, го однесовме на распродадениот стадион „Милениум“ и требаше да се бори со Кубрат Пулев, но бидејќи се повреди, Карлос Такам влезе во мечот. А подоцна го распродаде Милениум кога се бореше со Џозеф Паркер, а потоа се врати на распродадениот Вембли и го нокаутира Александар Поветкин. Таков боксер повеќе нема да видите. Којзнае дали некогаш ќе имаме таков борец“…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО