Александар Усик ја напушти Украина за да ги започне подготовките за мечот против Ентони Џошуа.
Сопственикот и промотер на Мечрум бокс, Еди Херн, најави дека нивниот реванш за светската титула во тешка категорија ќе се одржи во јуни.
Усик, како и многу украински спортисти, беше активно вклучен во одбраната на својата татковина по руската агресија, но сега одлучи да се врати во рингот.
Украинскиот боксер минатата година го победи Британецот освојувајќи ги шампионските појаси во тешка категорија на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО.
Еди Херн е во постојан контакт со промоторот на Усик, Александар Красјук и истакнува дека борбата ќе се одржи во јуни. Џошуа размислуваше да се бори со Дионтеј Вајлдер или Џо Џојс доколку реваншот не успее.
„Го видов Џошуа за време на настан на УФЦ и ми рече дека сака да се бори. Тој е возбуден поради вестите бидејќи е желен да се бори со Усик. Но, ние ја разбираме ситуацијата во која се најде Усик“, рече Еди Херн и додаде:
„Во постојан контакт сум со Красјук и сакаме да ја организираме борбата во јуни. Добивме неколку понуди од целиот свет, па наскоро ќе ја избереме локацијата каде ќе го организираме настанот“.
Херн би сакал повторно да биде домаќин на реваншот на стадионот на Тотенхем, но добил понуди од САД и Блискиот Исток.
„Сакаме борбата да се случи пред крајот на јуни, а најдоцна до првата сабота во јули“, подвлече Еди Херн.