Еди Херн постави ултиматум на Дионтеј Вајлдер. Американецот треба до крајот на неделава да каже дали сака да се бори со Ентони Џошуа во септември во обединувачки меч за светските титули во тешка категорија.
Eddie Hearn CONFIRMS Alexander Povetkin is NEXT for Anthony Joshua… If Wilder Refuses to Travel! 😳
A decision will be made in the next two weeks, says Hearn… 👇
READ: https://t.co/Ep1OixVwvL#Boxing #JoshuaWilder pic.twitter.com/g2G0cXx6Q8
— Boxing Social (@boxing_social) May 30, 2018
„До крајот на следната недела имаме рок од Светската боксерска асоцијација (ВБА), за да кажеме што ќе правиме со Александар Поветкин, кој е официјален предизвикувач“, вели Еди Херн и додава: „Не можам да дознаам што не му се допаѓа на Вајлдер за средбата со Џошуа. Секако дека му е јасно оти треба да дојде во Велика Британија. Сакаме да направиме борба во септември. Противник на Џошуа ќе биде или Вајлдер, или Поветкин. И двајцата борци се добри. Сакам до крајот на неделава да го слушнам одговорот на Вајлдер, дали сака да се бори“.
.